Отстранете ја мемориската картичка
Важно: Не отстранувајте ја мемориската картичка за време на работата
кога на картичката и се пристапува. Правењето на тоа може да ги оштети
картичката и уредот, и да ги оштети податоците зачувани на картичката.
1. Ако уредот е вклучен, пред да ја отстраните картичката, притиснете го
копчето за вклучување, и одберете Remove memory card.
2. Кога Remove memory card? Some applications will be closed. ќе се појави
на екранот, одберете Yes.
3. Кога Remove memory card and press 'OK' ќе се појави на екранот, отворете
ја вратичката од слотот за мемориската картичка.
4. Притиснете ја мемориската картичка за да ја ослободите од слотот.
5. Извлечете ја мемориската картичка. Ако уредот е вклучен, одберете OK.
4. Остварување на повици
Екран на допир за време на повици
Вашиот уред има сензор за близина. За да го продолжите траењето на
батеријата и да спречите случајни избирања, екранот на допир автоматски се
исклучува во тек на повици, кога ќе го поставите уредот близу до Вашето уво.
Не го покривајте сензорот за близина, на пример, со
заштитна фолија или лента.
Повици
1. Во почетниот екран, одберете Telephone за да го отворите бирачот и
внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го и повикувачкиот код. За да
отстраните некој број, одберете
.