Рециклирање
На крајот на животниот век на овој уред, сите негови материјали
можат да бидат повторно искористени како материјал или
енергија. За да гарантира правилно отстранување на отпадот и
повторна употреба, Nokia соработува со нејзините партнери преку
програмата Ние:рециклираме. За информации околу тоа како да ги
рециклирате Вашите стари Nokia производи и каде да ги најдете
збиралиштата, појдете на www.nokia.com/werecycle или со користење на
мобилен уред, nokia.mobi/werecycle, или повикајте го контактниот центар на
Nokia.
Рециклирајте го пакувањето и корисничките упатства спред Вашата локална
шема за рециклирање.
Симболот на пречкртана корпа за отпадоци на Вашиот производ,
батерија, литература или пакување Ве потсетува дека сите електрични и
електронски производи, батерии и акумулатори мора да се однесат на
одредено место за собирање на крајот од нивниот работен век. Ова
барање се применува во Европската унија. Не ги фрлајте овие производи како
Заштита на животната средина
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
128
неподредени општински отпад. За повеќе информации за еколошките својства
на Вашиот уред, одберете www.nokia.com/ecodeclaration.
Информации за производот и
безбедноста
Додатоци
Предупредување: Употребувајте само батерии, полначи, и други
додатоци одобрени од Nokia за користење со овој одреден модел. Употребата
на било какви други видови може да го поништи одобрението или гаранцијата,
и може да резултира со опасност.
За достапноста на одобрени додатоци, проверете кај Вашиот продавач. Кога
го отстранувате кабелот од било кој додаток, фатете и повлечете го
приклучокот, а не кабелот.
Батерија
Информации за батеријата и полначот
Вашиот уред се напојува со струја од батерија што се полни. Батеријата
наменета за користење со овој уред е BL-5J. Nokia може да направи
дополнителни модели на батерии за овој уред. Овој уред е наменет за
користење кога се снабдува со енергија од следниве полначи: AC-8E . Точниот
број на моделот на полначот може да варира во зависност од типот на
приклучокот. Варијантата на приклучокот се идентификува со еден од
следниве: E, EB, X, AR, U, A, C, K, или UB.
Батеријата може да се полни и празни стотици пати, но на крајот таа ќе се
истроши. Кога времињата за разговор и standby се значително пократки од
нормално, заменете ја батеријата. Користете само батерии одобрени од Nokia
и полнете ја само Вашата батерија само со полначи одобрени од Nokia
наменети за овој уред.