Nokia 5228 - Информации за сертификација (SAR)

background image

Информации за сертификација (SAR)

Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за изложеност на радио

бранови.
Вашиот мобилен уред е радио предавател и примател. Тој е дизајниран да не

ги надмине ограничувањата за изложеност на радио бранови препорачани со

меѓународните упатства. Упатствата се развиени од независната научна

организација ICNIRP и вклучуваат безбедносни граници поставени за да се

осигура безбедноста на сите лица, без оглед на возраста и здравјето.
Упатствата за изложеност кај мобилните уреди користи единица мерка позната

како Специфична Апсорпциона Стапка или SAR. Ограничувањето за SAR

наведено во упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/килограм (W/kg) во просек на 10

грама ткиво. Тестовите за SAR се изведуваат со користење стандардни

оперативни позиции при што уредот предава на највисокото сертифицирано

ниво на енергија во сите тестирани фреквенциони должини. Вистинското ниво

на SAR на уред кој работи може да биде под максималната вредност бидејќи

уредот е дизајниран да ја користи само енергијата потребна да се допре до

мрежата. Таа количина се менува во зависност од бројни фактори како што е

колку блиски сте до мрежната базна станица.
Највисоката дозволена SAR вредност кога уредот се употреба на уво според

ICNIRP е 1,10 W/kg .
Употребата на додатоци за уредот може да резултира со различни SAR

вредности. Вредностите на SAR може да се разликуваат во зависност од

националните барања за известување и тестирање и од брановата должина

на мрежата. Дополнителни информации за SAR може да се најдат кај

информација за производот на www.nokia.com.

Информации за производот и безбедноста

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

138