Nokia 5228 - Итни повици

background image

Итни повици

Важно: Овој уред функционира користејќи радио сигнали, безжични

мрежи, земјени мрежи и функции програмирани од корисникот. Ако Вашиот

уред поддржува гласовни повици преку интернет (интернет повици),

активирајте ги и интернет повиците и мобилниот телефон. Уредот ќе се обиде

да оствари итни повици и преку мобилните мрежи и преку Вашиот обезбедувач

на интернет повик доколку двете се активирани. Не може да се гарантираат

конекции во сите услови. Никогаш не треба да се потпрете само на било кој

безжичен уред за важни разговори како што се итни медицински случаи.
За да остварите интен повик:
1. Ако уредот не е вклучен, вклучете го. Проверете дали постои соодветна

јачина на сигналот. Во зависност од Вашиот уред, можеби ќе треба да го

завршите следноцо:
● Вметнете SIM картичка доколку Вашиот уред користи некоја.
● Отстранете одредени ограничувања на повик ако имате активирано во

Вашиот уред.

● Променете го Вашиот профил од режимот офлајн профил во некој

активен профил.

● Ако екранот и копчињата се заклучени, излизгајте го копчето за

заклучување од страна на уредот за да ги отклучите.

2. Притиснете го копчето за завршување онолку пати колку што е потребно

да го испразните екранот и да го подготвите уредот за повици.

3. За да го отворите повикувачот, одберете Telephone или .
4. Внесето го официјалниот итен број за Вашата моментална локација. Итните

броеви се разликуваат според локацијата.

5. Притиснете го копчето за повикување.
Кога правите итен повик, дадете ги сите неопходни информации што е можно

попрецизно. Вашиот безжичен уред може да е единственото средство за

Информации за производот и безбедноста

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

137

background image

комуникација на местото на несреќата. Не прекинувајте го повикот додека не

добиете дозвола за тоа.