Опкружување при работа
Овој уред е во согласност со упатствата за изложеност на RF во нормална
позиција на користење на увото или најмалку 1,5 сантиметри (5/8 инчи)
оддалеченост од телото. Каква било футрола за носење, спојувалка за каиш
или држач при функционирањето на телефон што се носи на тело не треба да
содржат метал и треба да го постават производот на погоре наведената
оддалеченост од Вашето тело.
За да испраќате датотеки со податоци или пораки на овој уред му е потребна
квалитетна врска со мрежата. Датотеките со податоци или пораките може да
бидат одложени се додека таква конекција не е достапна. Следете ги
инструкциите за растојанието на одалеченост се додека преносот не заврши.
Некои делови од уредот се магнетни. Металните материјали може да бидат
привлечени кон уредот. Не ставајте кредитни картички или други магнетни
медиуми за чување на податоци блиску до уредот, бидејќи информациите што
се зачувани на нив можже да бидат избришани.
За време на продолжената работа како на пример, конекција со голема
брзина, уредот може да се загрее. Во повеќето случаи, оваа состојба е
нормална. Ако се сомневате дека уредот не работи правилно, однесете го до
најблискиот овластен сервис.