Nokia 5228 - Синхронизација

background image

Синхронизација

Одберете Menu > Settings и Connectivity > Data transfer > Sync.
Апликацијата за синхронизација Ви овозможува да ги синхронизирате Вашите

белешки, записи од календарот, текстуални пораки и мултимедијални пораки,

зачувани линкови во пребарувачот, или контакти со разни компатибилни

апликации на компатибилен компјутер или на интернет.
Можете да примате прилагодувања за синхронизација во специјална порака

од Вашиот обезбедувач на услуги.
Профилот за синхронизација ги содржи потребните прилагодувања за

синхронизација.
Кога ќе ја отворите апликацијата, стандардниот или претходно користениот

профил за синхронизација се прикажува. За да го модифицирате профилот,

притиснете некој објект за синхронизација за да го вклучите во профилот или

за да го изоставите.
За да управувате со профили за синхронизација, одберете Options и саканата

опција.
За да синхронизирате податоци, одберете Options > Synchronise. За да ја

откажете синхронизацијата пред да заврши, одберете Cancel.

Конективност

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

95