Nokia 5228 - Далечински SIM режим

background image

Далечински SIM режим

Одберете Menu > Settings и Connectivity > Bluetooth.
Пред да може да бие активиран далечинскиот SIM режим, двата уреди мора да

бидат спарени и спарувањето да биде иницирано од другиот уред. Кога

спаруватем користете 16-цифрен пристапен код, и наместете го другиот уред

како авторизиран.
За да го користите далечинскиот SIM режим со компаатибилен додаток за во

автомобил, активирајте Bluetooth конективноста, и вклучете го користењето

на далечинскиот SIM режим со Вашиот уред. Активирајте го далечинскиот SIM

режим од другиот уред.
Кога далечинскиот SIM режим е вклучен на Вашиот уред, Remote SIM mode се

прикажува во домашниот екран. Конекцијата со безжичната мрежа е

исклучена, како што е покажано во областа за индикаторот на јачината на

сигналот, и не можете да користите услуги од SIM картичката или услуги за кои

е потребна мрежна покриеност.
Кога безжичниот уред е во далечинскиот SIM режим, можете да користите само

компатибилни поврзани додатоци, како што е сет за во автомобил, за да

остварувате и примате повици. Додека сте во овој режим, Вашиот безжичен

уред нема да остварува никакви повици, освен кон итните броеви

програмирани во Вашиот уред. За да остварувате повици со Вашиот уред, мора

да го напуштите далечинскиот SIM режим. Ако уредот е заклучен, внесете го

кодот за заклучување за да го отклучите.
За да го оставите далечинскиот SIM режим, притиснете го копчето за

вклучување, и одберете Exit remote SIM mode.

Конективност

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

100