За Bluetooth конективноста
Со Bluetooth конективноста, можете да направите безжична конекција со друг
компатибилен уред, како што се мобилни уреди, компјутери, слушалки и
сетови за во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за да испраќате слики, видео и звучни
клипови, да додадете белешки, да префрлувате датотеки од Вашиот
компатибилен PC и да печатите слики со компатибилен печатач.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи
радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е,
тие мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако
конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или
други електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги
поддржува следниве профили: напредна аудио дистрибуција, аудио/видео
далечинска контрола, основно фотографирање, идентификација на уред, dial-
up networking, пренос на датотеки, општа аудио/видео дистрибуција, hands-
free, слушалки, праќање објекти, пристап до именик, SIM пристап и стерео
аудио стриминг . За да осигурате интеропратибилност помеѓу другите уреди
што поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци за овој модел
што се одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите уреди за
да ја утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат
побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на
батеријата.
Кога уредот е заклучен, можни се само конекции со овластени уреди.