Испраќање на податоци користејќи Bluetooth
конективност
Неколку Bluetooth конекции можат да бидат активни во исто време. На пример,
ако сте поврзани со компатибилни слушалки, можете исто така да
префрлувате датотеки на друг компатибилен уред во исто време.
1. Отворете ја апликацијата каде што е зачуван посакуваниот објект.
Конективност
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
97
2. Допрете некој објект, и одберете Options > Send > Via Bluetooth.
На екранот се прикажуваат уредите со Bluetooth безжична технологија што
се наоѓаат во Вашиот опсег. Иконите во уредот се следниве:
компјутер
телефон
аудио или видео уред
друг уред
За да го прекинете барањето, одберете Stop.
3. Одберете го уредот со кој што сакате да се конектирате.
4. Ако другиот уред бара спарување пред податовите да можр да бидат
префрлени, се огласува звук, и ќе бидете прашани да внесте пристапен код.
Истиот пристапен код мора да се внесе на двата уреди.
Кога конекцијата е воспоставена, Sending data се прикажува на екранот.
Совет: Кога пребарувате за уреди, некои уреди може само да ја
покажуваат уникатната адреса (адресата на уредот). За да ја пронајдете
уникатната адреса на Вашиот уред, внесете*#2820# .