Неодамнешни повици
Одберете Menu > Log и Recent calls.
За да ги видите пропуштените, примените и бираните повици, одберете Missed
calls, Received calls или Dialled numbers.
Совет: За да ја видите листата на бирани броеви кога сте во почетниот
екран, притиснете го копчето за повикување.
На активната лента со алатки, одберете од следниве опции:
●
Call — Повикајте го посакуваниот контакт.
●
Create message — Испратете некоја порака до посакуваниот контакт.
●
Open Contacts — Отворете ја листата на контакти.
Одберете Options и од следниве опции:
● Save to Contacts — Зачувајте го означениот телефонски број од листата на
неодамнешни повици во Вашите контакти.
● Clear list — Избришете ја одбраната листа на неодамнешни повици.
● Delete — Избришете некој означен настан во одбраната листа.
● Settings — Одберете Log duration и должината на време за кое
информацијата за комуникација се зачувува во дневникот. Ако одберете No
log, ниедна информација нема да биде зачувана во дневникот.