Отстранување проблеми
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
125
П: Зошто на екранот некои точки не се појавуваат, се безбојни
или премногу светли секогаш кога ќе го вклучам мојот уред?
О: Ова е карактеристика на овој тип на екран. Некои екрани може да содржат
пиксели или точки што остануваат вклучени или исклучени. Ова е нормално,
не е грешка.
П: Зошто не можам да го пронајдам уредот на мојот прилател
додека користам Bluetooth конективност?
О: Проверете дали двата уреда се компатибилни, дали имаат активирано
Bluetooth конектиувност, и да не се во скриен режим. Проверете дали
растојанието помеѓу двата уреда не е повеќе од 10 метри (33 стапки) и дека
нема ѕидови или други пречки помеѓу уредите.
П: Зошто не можам да ја завршам Bluetooth конекцијата?
О: Доколку друг уред е поврзан со Вашиот уред, можете да ја прекинете
конекцијата од другиот уред или со деактивирајте ја Bluetooth конективноста
во Вашиот уред. Одберете Menu > Settings и Connectivity > Bluetooth >
Bluetooth > Off.
П: Што да правам ако меморијата е полна?
О: Избришете објекти од меморијата. Ако Not enough memory to perform
operation. Delete some data first. или Memory low. Delete some data from
phone memory. се покажува кога бришете неколку објекти во исто време,
бришете објекти еден по еден, почнувајќи од најмалите објекти.
П: Зошто не можам да одберам контакт за мојата порака?
О: Картичката на контактот нема телефонски број, адреса, или e-mail адреса.
Одберете Menu > Contacts и релевантниот контакт, и изменете ја контактната
картичка.
П: Како да ја прекинам дата конекцијата кога уредот постојано
започнува дата конекција?
О: Уредот може да се обидува да ја поврати мултимедијалната порака од
центарот за мултимедијални пораки. За да го стопирате уредот да прави дата
Отстранување проблеми
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
126
конекција, одберете Menu > Messaging и Options > Settings > Multimedia
message > Multimedia retrieval. Одберете Manual за центарот за
мултимедијални пораки да ги зачувува пораките за да може да бидат
преземени подоцна, или Off да ги игнорирате сите дојдовни мултимедијални
пораки. Ако одберете Manual, ќе примите известување кога ќе имате некоја
нова порака во мултимедијалниот центар за пораки. Ако одберете Off, уредот
не прави никакви мрежни конекции поврзани со мултимедијалните пораки. За
да го прилагодите уредот да користи пакет дата конекција само ако стартувате
апликација или акција која што има потреба од таква конекција, одберете
Menu > Settings и Connectivity > Admin. settings > Packet data > Packet
data connection > When needed. Ако ова не помогне, исклучете го уредот и
повторно вклучете го.
П: Може ли да го користам мојот Nokia уред како факс модем со
компатибилен компјутер?
О: Не можете да го користите Вашиот уред како факс модем. Како и да е, со
пренасочувањето на повици (мрежна услуга),можете да ги пренасочувате
дојдовните факс повици на некој факс број.
П: Како да го калибрирам екранот?
О: Екранот се калибрира во фабриката. Доколку е потребно повторно да го
калибрирате екранот, одберете Menu > Settings и Phone > Touch input >
Touch screen calibration. Следете ги инструкциите.
П: Зошто добивам порака за грешка Expired certificate или
Certificate not valid yet кога инсталирам некоја даунлоадирана
апликација?
О: Ако Expired certificate или Certificate not valid yet се прикажува на екранот,
дури и доколку сертификатот е валиден, проверете дали моменталните датум
и време во Вашиот уред се правилни. Можеби сте го прескокнале
прилагодувањето на датум и време кога сте го стартувале уредот за првпат,
или мобилната мрежа не успеала да ги ажурира овие прилагодувања на
Вашиот уред. За да го решите ова, одберете Menu > Settings и Phone > Phone
Отстранување проблеми
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
127
mgmt. > Factory settings. Вратете ги фабричките прилагодувања, и кога
уредот ќе се рестартира, наместете ги правилните датум и време.
20. Заштита на животната средина
Штедење енергија
Ако ги направите следниве работи, нема да има потреба да ја полните
батеријата толку често:
● Затворете ги апликациите и дата конекциите, на пример, Вашата Bluetooth
конекција кога не ја користите.
● Исклучете непотребни звуци, како што се звуци на екранот за допир и звуци
на копчињата.
Рециклирање
На крајот на животниот век на овој уред, сите негови материјали
можат да бидат повторно искористени како материјал или
енергија. За да гарантира правилно отстранување на отпадот и
повторна употреба, Nokia соработува со нејзините партнери преку
програмата Ние:рециклираме. За информации околу тоа како да ги
рециклирате Вашите стари Nokia производи и каде да ги најдете
збиралиштата, појдете на www.nokia.com/werecycle или со користење на
мобилен уред, nokia.mobi/werecycle, или повикајте го контактниот центар на
Nokia.
Рециклирајте го пакувањето и корисничките упатства спред Вашата локална
шема за рециклирање.
Симболот на пречкртана корпа за отпадоци на Вашиот производ,
батерија, литература или пакување Ве потсетува дека сите електрични и
електронски производи, батерии и акумулатори мора да се однесат на
одредено место за собирање на крајот од нивниот работен век. Ова
барање се применува во Европската унија. Не ги фрлајте овие производи како