Прилагодувања за текстуална порака
Одберете Menu > Messaging и Options > Settings > Text message.
Одберете од следново:
● Message centres — Видете листа на сите центри за текстуални пораки што
се дефинирани.
● Message centre in use — Одберете кој центар за пораки ќе се користи за
достава на текстуалните пораки.
● Character encoding — За да го користите конвертирањето на знаци во друг
систем за кодирање кога тоа е возможно, одберете Reduced support.
● Receive report — Одберете дали мрежата да испраќа извештаи за достава
на Вашите пораки (мрежна услуга).
● Message validity — Одберете колку долго центарот за пораки да ја
препраќа Вашата порака ако првиот обид е неуспешен (мрежна услуга).
Доколку пораката не може да се испрати во рамките на периодот на
валидност на пораката, пораката се брише од центарот за пораки.
● Message sent as — За да дознаете дали Вашиот центар за пораки може да
конвертира текстуални пораки во други формати, контактирајте со Вашиот
обезбедувач на услуги.
● Preferred connection — Одберете ја врската што ќе се користи.
● Reply via same centre — Одберете дали сакате пораката за одговор да биде
испратена користејќи го истиот број на центарот за текстуална порака
(мрежна услуга).