Забрана на повици
Забраната на повици (мрежна услуга) Ви овозможува да ги ограничите
повиците што ги остварувате или примате со уредот. На пример, можете да ги
ограничите сите појдовни межународни повици, или дојдовни повици кога сте
во странство. За да ги промените прилагодувањата, потребна Ви е лозинката
за забрана од Вашиот обезбедувач на услуги.
Одберете Menu > Settings и Calling > Call barring.
Прилагодувања
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
124
Кога се користат функциите за заштита што ги ограничуваат повиците (како
што се забрана за повик, затворена корисничка група, и фиксно бирање),
можни се и повиците до официјалниот итен број програмиран во Вашиот уред.
Забраната за повик и пренасочувањето на повик не можат да бидат активни
во исто време.
Гласовна забрана на повици
Одберете ја саканата опција за забрана и Activate, Deactivate, или Check
status. Забраната на повици влијае на сите повици, вклучувајќи и дата повици.
19. Отстранување проблеми
За да ги видите често поставуваните прашања во врска со Вашиот уред, видете
ги страниците за поддршка на www.nokia.com/support.
П: Која е мојата лозинка за заклучувањето, PIN, или PUK
кодовите?
A: Стандарниот код за заклучување е 12345. Ако го забораните кодот за
заклучување, контактирајте со дилерот на Вашиот уред. Доколку го
заборавите PIN или PUK кодот, или доколку немате примено таков код,
контактирајте со Вашиот мрежен обезбедувач на услуги. За информации во
врска со лозинките, контактирајте со Вашиот обезбедувач на пристапни точки,
на пример, комерцијален обезбедувач на интернет услуги (ISP) или
обезбедувач на мрежни услуги.
П: Како да затворам апликација која не работи?
О: Притиснете и задржете го копчето за мени. Одберете и држете ја иконата на
апликацијата, и одберете Exit.
П: Зошто сликите изгледаат размачкано?
О: Осигурајте се дека прозорецот за заштита на леќите на камерата е чист.