Пренасочување на повик
Одберете Menu > Settings и Calling > Call divert.
Пренасочувањето на повик Ви овозможува да ги пренасочите дојдовните
повици на Вашето гласовно поштенско сандаче или на друг телефонски број.
За детали, контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги.
1. Одберете го типот на повици што сакате да ги пренасочите и опција за
пренасочување. На пример, за да ги пренасочите сите гласовни повици,
одберете Voice calls > All voice calls.
2. За да го активирате пренасочувањето на повик, одберете Activate.
3. За да ги пренасочите повиците во гласовното поштенско сандаче, одберете
To voice mailbox.
4. За да ги пренасочите повиците на друг телефонски број, одберете To other
number, и внесете го бројот, или одберете Find за да повратите број
зачуван во листата на контатки.
Неколку опции за пренасочување може да бидат активни во исто време. Кога
сите повици се пренасочени,
се прикажува во домашниот екран.