Прилагодувања за повик
Со прилагодувањата на повик, можете да дефинирате Ваши специфични
прилагодувања за повик во Вашиот уред.
Прилагодувања
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
122
Одберете Menu > Settings и Calling > Call.
Одберете од следново:
● Send my caller ID — Одберете Yes за да го прикажете Вашиот телефонски
број на личноста на која се јавувате. За да го користите прилагодувањето во
зависност од договорот со Вашиот оператор на услуги, одберете Set by
network (мрежна услуга).
● Call waiting — Прилагодете го Вашиот уред да Ве известува при дојдовни
повици додека сте во некој повик (мрежна услуга), или проверете дали
функцијата е активирана.
● Reject call with message — Испратете текстуална порака кога одбивате
повик, информирајќи го повикувачот зошто не можете да одговорите на
повикот.
● Message text — Напишете стандардна текст порака која ќе се испрати кога
ќе одбиете повик.
● Automatic redial — Наместете го Вашиот уред да направи максимум од 10
обиди да го повикате бројот по неуспешен обид за остварување на повик.
За автоматски да го завршите повторното повикување, притиснете го
копчето за завршување.
● Show call duration — Прикажување на должината на разговорот за време
на повикот.
● Summary after call — Прикажување на должината на разговорот по
завршувањето на повикот.
● Speed dialling — Активирајте го брзото повикување.
● Anykey answer — Активирајте одговор со било кое копче.
● Line in use — Ова прилагодување (мрежна услуга) се покажува само ако
SIM картичката поддржува два претплатнички броја, т.е. две телефонски
линии. Одберете која телефонска линија сакате да ја користите за да
остварите повици и испраќате текстуални пораки. Повиците на двете линии
може да се одговараат без разлика на избраната линија. Ако одберете Line
2, а не сте се претплатиле на оваа мрежна услуга, нема да можете да
остварувате повици. Кога линијата 2 е одберена, се прикажува во
домашниот екран.
Прилагодувања
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
123
● Line change — Спречете одбирање на телефенска линија (мрежна услуга),
ако е поддржано од Вашата SIM картичка. За да го промените ова
прилагодување, Ви треба Вашиот PIN2 код.
Достапните опции може да варираат.