Nokia 5228 - Заштитена содржина

background image

Заштитена содржина

За да управувате со лиценци за дигитални права, одберете Menu > Settings и

Phone > Phone mgmt. > Security settings > Protected content.
Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија

за управување со дигитални права (ДРМ; digital rights management – DRM) за

заштита на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските

права. Овој уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до

содржини заштитени со ДРМ. Со овој уред можете да пристапите до содржини

заштитени со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ софтвер

не успее да ја заштити содржината, сопствениците на содржината може да

побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап до новите содржини

заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да

спречи обнова на таквата содржина заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред.

Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето на

содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини

незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што

ги дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM заштитена содржина, за да направите резервна

копија и на клучевите за активирање и на содржината, користите ја функцијата

Прилагодувања

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

121

background image

за резервни копии на Nokia Ovi Suite. Другите методи на префрлување може да

не ги префрлуваат клучевите за активирање кои треба да се овозможат со

содржината за да можете Вие да продолжите со користење на содржината

заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе биде форматирана.

Може исто така да треба да ги повратите клучевите за активирање во случај

датотеките на Вашиот уред да бидат оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и клучевите за

активирање и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на уредот се

форматира. Може исто така да ги загубите клучевите за активирање и

содржината ако датотеките на Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на

клучевите за активирање или на содржината може да ја ограничат Вашата

можност за повторно користење на истата содржина на Вашиот уред. За повеќе

информации, контактирајте го Вашиот оператор.
Некои клучеви за активирање може да се поврзани со некоја специфична SIM

картичка, и на заштитената содржина може да и се пристапи само ако SIM

картичката е вметната во уредот.