Управување со сертификати
Одберете Menu > Settings и Phone > Phone mgmt. > Security settings >
Certificate management.
Дигиталните сертификати треба да се користата ако сакате да се поврзете на
online банка или на друга страна или далечиски сервер за активности кои
вклучуваат префрлување на доверливи информации. Тие исто така треба да
се користат ако сакате да го намалите ризикот од вируси или друг штетен
Прилагодувања
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
118
софтвер и да бидете сигурни во автентичноста на софтверот кога
даунлоадирате и инсталирате софтвер.
Одберете од следново:
● Authority certificates — Прикажување и изменување на авторизирани
сертификати.
● Trusted site certificates — Прикажување и изменување на сертификати од
доверливи страни.
● Personal certificates — Прикажување и изменување на лични сертификати.
● Phone certificates — Прикажување и изменување на сертификати за уред.
Дигиталните сертификати не гарантираат безбедност; тие се користат да се
потврди потеклото на софтверот.
Важно: Иако користењето на сертификати ги прави ризиците во врска
со далечинските конекции и инсталацијата на софтверот значително помали,
тие мора да се користат правилно со цел да се има корист од зголемената
безбедност. Постоењето на сертификати не нуди заштита сама по себе,
сертификат менаџерот мора да содржи коректни, автентични или поверливи
сертификати за постоење на зголемена заштита. Сертификатите имаат
ограничено траење. Ако се покаже "Сертификатот е истечен" или
"Сертификатот сеуште не е валиден", и покрај тоа што сертификатот треба да
биде валиден, проверете дали тековните датум и време во Вашиот уред се
точни.
Прикажување на детали за сертификат - проверување на
автентичност
За вистинскиот идентитен на некој сервер можете да бидете сигурни само кога
се проверени потписот и периодот на валидност на некој сертификат на
серверот.
Ќе бидете известени ако идентитетот на серверот не е автентичен или ако го
немате вистинскиот безбедносен сертификат во Вашиот уред.
Прилагодувања
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
119
За да ги проверите деталите за некој сертификат, одберете Options >
Certificate details. Се проверува валидноста на сертификатот, и една од
следниве белешки може да прикажана:
● Certificate not trusted — Не сте прилагодиле ниту една апликација да го
користи сертификатот.
● Expired certificate — Периодот на валидност на сертификатот е завршен.
● Certificate not valid yet — Периодот на валидност на сертификатот сеуште
не е започнат.
● Certificate corrupted — Сертификатот не може да се користи. Контактирајте
со издавачот на сертификатот.
Променете ги прилагодувањата за доверба
Пред менување на прилагодувањата на сертификатот, морате да бидете
сигурни дека навистина му верувате на сопственикот на сертификатот и дека
сертификатот навистина припаѓа на наведениот сопственик.
За да ги промените прилагодувањата за некој сертификат за авторитет,
одберете Options > Trust settings. Во зависност од сертификатот, се
прикажува листа од апликациите што можат да го користат одбраниот
сертификат. На пример:
● Symbian installation: Yes — Сертификатот може да го потврди потеклото
на нова апликација под Symbian оперативен систем.
● Internet: Yes — Сертификатот може да ги потврди серверите.
● App. installation: Yes — Сертификатот може да го потврди потеклото на
нова Java апликација.
За да ја промените вредноста, одберете Options > Change trust setting.