Nokia 5228 - Продолжување на животниот век на батеријата

background image

Продолжување на животниот век на батеријата

Многу функции во Вашиот уред ја зголемуваат побарувачката на енергија од

батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата. За да ја зачувате

енергијата од батеријата, имајте го на ум следново:
● Услугите кои користат Bluetooth конекција, или дозволуваат вакви услуги

да бидат активни во позадина додека користите други услуги, ја зголемуваат

побарувачката на енергија од батеријата. Деактивирајте ја Bluetooth

конективноста кога не Ви е потребна.

● Ако имате одбрано Packet data connection > When available во

прилагодувањата за конекција, и нема покриеност за пакет дата (GPRS),

уредот ќе се обидува периодично да воспостави пакет дата врска. За да го

продолжите времето на работа на Вашиот уред, одберете Packet data

connection > When needed.

● Ако јачината на сигналот на антената на мобилната мрежа многу варира во

Вашата област, Вашиот уред мора постојано да скенира за достапните

мрежи. Ова ја зголемува побарувачката на енергија од батеријата.

● Осветлувањето на екранот ја зголемува побарувачката на енергија од

батеријата. Во прилагодувањата на екранот, можете да ја прилагодите

осветленоста на екранот и да го промените времето по кое светлото ќе се

исклучи. Одберете Menu > Settings и Phone > Display > Brightness или

Light time-out.

● Оставање на апликациите да работат во позадина ја зголемува

побарувачката на енергија од батеријата. За да пристапите до апликациите

што не ги користите, притиснете и задржете го мени копчето и одберете ја

апликацијата.