Префрлување на видеа од Вашиот компјутер
Пренесете ги Вашите видео клипови од компатибилни уреди користејќи
компатибилен USB кабел за податоци. Прикажани се само видео клиповите
коишто се форматирани на начин поддржан од Вашиот уред.
1. За да го видите Вашиот уред како уред за масовна меморија на компјутерот
каде можете да префрлите какви било датотеки со податоци, поврзете го
уредот користејќи USB кабел за податоци.
2. Одберете Mass storage како режим на поврзување. Во уредот треба да биде
вметната компатибилна мемориска картичка.
3. Одберете ги видео клиповите што сакате да ги копирате од Вашиот
компјутер.
4. Префрлете ги видео клиповите во E:\My Videos во мемориската картичка.
Пренесените видео клипови ќе се појавата во папката Мои видео записи.