Прилагодувања за Видео центар
Во главниот приказ на Видео центарот, одберете Options > Settings и од
следниве опции:
● Video service selection — Одберете ги видео услугите кои сакате да се
појавиваат во Видео центарот. Можете исто така да додадете, отстраните,
измените и прикажете детали на некоја видео услуга. Не можете да
измените претходно инсталирани видео услуги.
● Connection settings — За да ја дефинирате мрежната дестинација која се
користи за мрежна конекција, одберете Network connection. За рачно да
ја одберете конекцијата секој пат кога Видео центар отвора мрежна
конекција, одберете Always ask.
За да ја вклучите или исклучите GPRS конекцијата, одберете Confirm GPRS
usage.
За да го вклучите или исклучите роамингот, одберете Confirm roaming.
● Parental control — Поставете ограничување на возраста за видеата.
Бараната лозинка е иста како и кодот за заклучување на уредот. Фабричкото
Nokia Video Centre
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
88
прилагодување за кодот за заклучување е 12345. Во видео-на-барање
услугите, видеата кои имаат иста или повисока возрасна граница отколку
што сте поставиле, се скриени.
● Preferred memory — Одберете дали даунлоадираните видеа да се
зачувуваат во меморијата на уредот или на некоја компатибилна мемориска
картичка.
● Thumbnails — Одберете дали сакате да пдаунлоадирате и рикажувате мали
сликички во видео доводите.
13. Интернет
За web пребарувачот
Изберете Menu > Internet > Web.
Останете во тек со настаните и посетете ги Вашите омилени web страници.
Можете да го користите web пребарувачот на Вашиот уред за да гледате web
страници на интернет.
За да пребарувате на web, треба да имате конфигурирана интернет влезна
точка во Вашиот уред и да бидете поврзани на мрежа.
Пребарување на мрежата
Одберете Menu > Internet > Web.
Посета на web страница — Одберете ја лентата за web адреса, внесете web
адреса и одберете .
Совет: За да пребарувате на интернет, одберете ја лентата за web адреса,
внесете збор за пребарување и одберете го линкот подолу.
Зумирање или одзумирање — Допрете го екранот двапати.
Кеш е мемориска локација што се користи за привремено зачувување на
податоци. Ако сте се обиделе да пристапите или сте пристапиле до доверливи